Вести Македонија Ударни вести

Статусот на СЈО ќе се решава после претседателските избори

Сподели:

Статусот на Специјалното обвинителство и предметите кои тоа ги води ќе се одложи за периодот по изборите.

Премиерот Зоран Заев најави дека директно ќе се вклучи во разговорите со опозцијата. Се надева дека целосниот текст на законот за обвинителство ќе биде договорен најдоцна до 15 мај.

-Јас веќе сум подготвен од 6. мај натаму и јас да се вклучам, но верувам дека прво министерката за правда ќе ги допрецизираат сите овие детаљи околу разговорите. Целта е ако можеме да завршиме до 10 – 15 ма,ј би било добро, заради тоа што извештајот на Европската комисија се затвора.

Премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веќе имаа две средби на оваа тема. На првата средба беше договорено разговорите да бидат водени на ниво на работни групи предводени од министерката Дескоска од страна на власта и адвокатот Тони Менкиноски од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Втората средба беше непосредно пред изборите, откако преговарачките групи заглавија со работата, но без решенија за законот.

ВМРО – ДПМНЕ поднесе 65 амандмани на законот за обвинителство. Власта прифати дел од нив кои не го загрозуваат статусот и автономијата на СЈО. Сепак, главна кочница за договор се неколку актуелни случаи кои ги води Катица Јанева, пред се случајот „Талир“ во кој, според опозицијата постои опасност да се наштети на нивното понатамошно функционирање.

 

Сподели: