Столтенберг од Скопје го поздрави договорот меѓу Хамас и Израел

Сподели

 

Генералниот секретар Јенс Столтенберг од Скопје го поздрави договорот меѓу Хамас и Израел за ослободување заложници, постигнат со посредство на Катар и САД.

„Го поздравувам договорот меѓу Хамас и Израел кој треба да води кон ослободување на заложници и пауза во непријателставата и да овозможи испорака на хуманитарна помош“рече Столтенберг во пред новинарите пред почетокот на неформалниот самит на лидерите на земјите сојузнички во НАТО од регионот, кој денеска се одржува во Скопје.