Столтенберг: Покана за Македонија по заеднички договорено решение за името

Сподели

НАТО ќе испрати покана на Македонија за членство во Алијансата, по заеднички договореното решение за спорот за името во рамки на ОН, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

„Остануваме посветени на поддршката на земјата на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме да успее во тоа. Ова е во согласност со одлуката донесена на самитот во Букурешт во 2008 година и повторена е во нашите декларации во Велс и Варшава. Сојузниците се согласија дека НАТО ќе испрати покана за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот,  а неодамна видовме и позитивен импулс за прашањето за името“.