Вести Македонија Ударни вести

СЦ „Борис Трајковски“ со подготвки за повторно отворање

Сподели:

 

По одлука од Владата за олабавување на мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на КОВИД-19, Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ започна со припрема на содржините во комплексот. Се превземаат сите неопходни процедури за подигнување на нивото на хигиената, се спроведува чистење и целосна дезинфекција на целиот комплекс. Здравјето на нашите корисници како и досега е наш приоритет – се наведува во денешното соопштение на СЦ Борис Трајковски.

Сподели: