Вести Македонија

Студентски пленум: МОН итно да ги објави листите на студенти кои добиле стипендија

Сподели:

Студентски пленум бара од Министерството за образование и наука уште денес да ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии, кои како што велат, требало да бидат објавени пред два дена. Според нив, телефонските линии на МОН се недостапни, а за оние кои успеале да воспостават контакт, одговорот бил дека државата се наоѓа во кризна политичка ситуација.

„Буџетот за овие стипендии е одамна изгласан и одобрен, па не е јасно како воопшто политичката ситуација влијае врз изборот на кои студенти ќе добијат стипендија.
Министерство за образование и наука, објавете ја уште денес листата на студенти!“, напиша Пленумот на својата официјална Фејсбук страница.

Тие ги повикуваат студентите да бидат упорни и да ги бараат надлежните на телефоните 3-117-896 и 3-140-167.

Оваа реакција доаѓа откако голем број студенти веќе два дена прашуваат на социјалните мрежи кога ќе бидат објавени резултатите.

„Сите дополнителни информации можат да се обезбедат во Одделението за ученички и студентски стандард при Министерството, или на телефонскиот број 02-3140/147.
Јас се јавив на овој број и ми рекоа дека имале забрана да ги објават резултатите од Биро за корупција и не знаат кога ке можат да ги објават“, се вели во еден од коментарите.

radiomof.mk

Сподели: