„Студентски пленум“ повика на бојкот на изборите на СПУКМ

Сподели

studentski-plenum11

Од „Студентски пленум“ ги повикаа студентите да не излегуваат на изборите на СПУКМ закажани за 30 јуни затоа што, како што велат, сакаат вистински студентски претставници, а не марионети и нема да дозволат криминални избори за студентски преставници.

„Ги повикуваме студентите да не излегуваат на изборите на СПУКМ на 30 јуни. Со бојкотот, сите заедно испраќаме најсилна порака: Нема да дозволиме криминални избори за студентски претставници, додека студентите не се на факултетите, испитните сесии се завршени или студентите се отидени на „Work & Travel“(програма за студенти во САД, н.з.). Бојкот – затоа што сакаме вистински студентски претставници, а не марионети! Додека ние протестиравме, СПУКМ молчеше. Додека ние алармиравме за мизерните услови во студентските домови, СПУКМ немо набљудуваше. Додека ние говоревме за подобро, а не квазиобразование, СПУКМ и неговите челници мислеа за својот џеб, за својот интерес“, велат од „Студентски пленум“.

Од пленумот најавуваат дека секојдневно ќе имаат голем број активности, кои ќе резултираат со масовен бојкот на изборите на 30 јуни од страна на студентите.

„Студентски пленум“ повика на бојкот на изборите на СПУКМ