Судот потврди: Дополнително ќе решиме за пасошите на Мијалков, Јакимовски и Стајковиќ

Сподели

milajkov

Кривичниот суд попладнево потврди дека поранешниот директоро на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, екс-шефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер во МВР денеска биле на распит и дале исказ за случајот „Трезор“ на СЈО, во кој тројцата се осомничени.

Специјалното јавно обвинителство бара од судот на тројцата да им бидат одредени мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите. За одлуката на судијата на претходна постапка, од судот велат дека дополнително ќе информираат.

„Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за определување мерки за претпазливост за три лица опфатени во предметот на СЈО, во јавноста познат како „Трезор“, во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, пред судија на претходна постапка денеска дојдоа трите лица кои во присуство на нивен бранител и претставник на СЈО се произнесоа во врска со предлогот. По донесување на одлука на судијата на претходна постапка, јавноста ќе биде дополнително информирана“, стои во соопштението од Кривичниот суд.