Судскиот буџетски совет не смее колективно да ги намали платите

Сподели

sudski-budzet

Судскиот буџетски совет (СБС) до вработените во судовите доставил известување во кое стои дека колективно ќе им се намалат платите за 40 отсто за оние месеци во кои судската администрација штрајкувала. Оваа одлука на СБС доаѓа неколку дена по првото решение во кое се бараше од претседателите на судовите да подготват решенија со намалени плати за 60 проценти за вработените кои два месеци штрајкуваат барајќи поголеми плати.

Судската администрација штрајкува од 18 мај годинава. Тие бараат зголемување на додатоците на плата за 35 отсто и враќање на старото работно време од 7.30 до 15.30 часот.

Сепак, според генералниот секретар на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), Трпе Дејаноски, ова е уште еден обид да се скрши штрајкот на судската администрација и обид да се тргне вниманието од проблемите на судските службеници.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)