Судскиот совет го суспендираше судијата Владимир Панчевски, екс-претседател на Кривичниот суд

Сподели

Судскиот совет на денешната седница донел одлука да го суспендира експретседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој е обвинет за местење предмети во судот, потврдуваат за „А1 он“, извори од Советот.

За судијата е отпочната и постапка за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција, но таа сè уште не е завршена во Советот.

Во соопштението на Судскиот совет, пишува: „По едно барање донесена е oдлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија“.

Скопска единица се уште не определила термин кога ќе започне судењето за Панчевски за местенките со АКМИС системот.

Со давање на писмен параф, обвинетиот наредил распределба кај конкретни судии на четири предмети доставени од Основното јавно обвинителство Скопје, на два предмети кои во судот биле доставени на натамошна надлежност од основните судови во Неготино и Куманово, на 41 предмет доставен од СЈО.