Вести Македонија

Светомир Шкариќ: Целосна чистка во судството (ВИДЕО)

Сподели:

Целосна чистка во судството, реизбор на судиите но и продолжување на мандатот на СЈО се првите итни реформи за што поскоро враќање на земјата на патот на евроатланските интеграции, но и загарантиран услов за демократско владеење на правото, вели академик Светомир Шкариќ, пренесува ТВ24.

Целосна чистка во судството, реизбор на судиите но и продолжување на мандатот на СЈО се првите итни реформи за што поскоро враќање на земјата на патот на евроатланските интеграции, но и загарантиран услов за демократско владеење на правото, вели академик Светомир Шкариќ.

Тој е сигурен дека со промената на обвинителот Зврлески, се прават првите чекори за враќање на правичноста и довербата во судот. Шкариќ е убеден дека СЈО ќе продолжи со истрагите, а судот конечно ќе работи независно и правично, и ќе ги казнува сите кои се огрешиле пред законот.

„Темелна промена што означува осмислување на постојната состојба и предлагање на излезните решенија. Судството не треба темелно да се реформира, туку да се отвори процес на негово возобновување и прочистување.“, изјави Светомир Шкариќ.

Според академиците СЈО е должност која мора да се изврши пред граѓаните, без разлика во која форма ќе бидат продолжени роковите. Тие велат дека мора да има казни за да се стопираат феномените кои со години ја оштетуваат државата.

„Должност кон јавноста, кон прекинување на таквите феномени, Таа треба докрај ништо да не остане неотворено, неиспитано, за да не останеме должни на оштетените страни“, изјави Абдулменаф Беџети.

Дополнително велат, владата треба итно да овозможи капацитети за одвојување на државата од партијата, да ја намали политичката моќ но и да стави крај на деструктивниот национализам. Само на тој начин ќе може Македонија  да ја одблокира евроатланската интеграција.

„Важно е да се променат основите, рамката во која тие ја остваруваат, да се промени односот на државата кон поединецот, да ги повлече пипците во кои има навлезено, партиите да се повлечат од институциите во кои имаат загосподарено.“, изјави Владо Камбовски.

Интеграцијата во ЕУ и НАТО ќе мора да забрза но и да се искористи поддршката која доаѓа од таму во моментов додава Камбовски. Надежта е голема, но одговорноста е дома и претстои напорна работа.

Сподели: