СВР Битола ќе ги истражува случаите на самоповредените ученици од „Син кит“ и „Момо“

Сподели

Последниве неколку месеци, дел од светските агенции предупредија за потенцијлната опасност од играта „Син кит“ и карактерот „Момо“, кои од малолетните играчи бараат да постапуваат според нивните инструкции, најчесто да се самоповредат или да скокнат од повисоките катови на зградата, под закана дека ако не ги исполнат барањата ќе им се појават и ќе ги повредат нив или нивните родители.

Играта „Синиот кит“ потекнува од Русија и со неа се поврзувани неколку случаи на самоубиство на малолетници во повеќе делови од светот.

 

 

Карактерот „Момо“ пак, е измислена вирална приказна којашто е помогната од фотографија на грд мутиран женски лик. Зад него не стои конкретна програмска креација туку се потхранува од имагинациите и фантазијата на децата, која често пати оди предалеку.

До Секторот за внатрешни работи-Битола денеска 16.04.2019 од страна на директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола е доставено официјално барање за постапување затоа што, како што е пријавено, кај неколку ученици била забележана појава на самоповредување.

СВР постапува со најголема сериозност по барањето со цел расчистување на овој случај.