Вести Македонија

Тачи и Суомалаинен разговарале за политичката криза

Сподели:

c7403120-bed2-4d49-82e0-a6950c8c802e

Мендух Тачи, претседателот на ДПА, денеска во седиштето на партијата во Тетово, се сретна со Нина Суомалаинен, шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата се разговарало за политичката криза во земјава, како и за начините за нејзино решавање.

Од партијата информираат дека Тачи ги презентирал ставовите на ДПА за излез од политичката криза, но и начините за забрзување на процесот за евроатлантска интеграција.

Како што информираат од ДПА, единствениот начин за излез од оваа ситуација е продолжување на политичкиот дијалог со посредство на меѓународната заедница, кој бара нов пристап и силна политичка волја од сите страни.

„Претседателот Тачи нагласи дека несогласувањето меѓу македонските партии е виртуелно и дека реалниот проблем на Македонија се спорот за името и меѓуетничките односи, односно правата на Албанците, при што без решавање на спорот за името и меѓуетничките односи, целиот овој процес нема никаква смисла“, пишува во соопштението на партијата.

Од партијата додаваат дека Тачи смета дека од чистењето на избирачкиот список најмногу ќе страдаат Албанците. Според него, сегашниот избирачки список сè уште содржи фиктивни гласачи, а главната вина за ова ја имаат државните институции, контролирани од власта, кои не испраќаат точни податоци до ДИК.

„Нема да дозволиме во неможност да се избришат фиктивните гласачи, да се бришат други лица кои постојат, но во моментов не се во земјата. Најголем дел од овие лица се Албанци“, рекол Тачи.

meta.mk

Сподели: