Таравари ќе поднесе жалба за одлуката на МОН

Сподели

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ќе поднесе жалба за одлуката на Министерството за образование кое му ги одзеде надлежностите во областа на образованието. Иако ден претходно Таравари изјави дека одлуката била донесена без предупредување, тој сега ја промени својата изјава и рече дека бил известен два пати, но немал доволно време за да ги спроведе промените што ги барало Министерството, пренесе Алсат-М.

Приватно предупредување имаше од министерката за образование, но официјално добивме едно писмо од просветниот инспекторат со некои забелешки и ние планиравме овие забелешки да ги корегираме. Постојат сериозни нерегуларности од страна на поранешните директори и ние, исто така, испративме објаснување кај министерката за образование зошто се сменети овие поранешни директори на училиштата. Некои останаа и како што вели г-дин Заев дека на ВМРО-ДПМНЕ не се сменети, но јас нив ги наследив од господин Бејта и останаа истите и се мислев кого да назначам“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивари.