Централен регистар од 2019 година ќе ги регистрира вистинските сопственици во фирмите

Сподели

Од 1.октомври идната година граѓаните кои ќе регистрираат фирма, во Централниот регистар ќе имаат обврска да потпишат и изјава дали имаат сопственост на удели и во други компании. Со овој модел надлежните сметаат дека ќе се намали можноста за перење пари во случај на префрлање на кеш од едни на други правни лица. Ваквиот регистар е согласно европските директиви.

Целта е задоволување на потребите на субјектите на бизнисите кои се основаат, односно проширување на едношалтерски систем и понатамошно олеснување на постапката за отпочнување на бизнис, регистрација за ДДВ цели и вработување,“ – изјави, Марија Бошковска-Јанкоски дирекор на Централен регистар