ЦИВИЛ: Непречен пристап до социјалните и казнено-поправни установи

Сподели

ЦИВИЛ – Центар за слобода испрати барања до Министерството за труд и социјална политика, Министерство за правда, поточно до Управата за извршување на санкции за непречен ад-хок пристап до сите институции и центри за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, рехабилитација на деца и младници, како и сите казнено-поправни институции.

Барањата произлегуваат од установената потреба за зајакнување на граѓанската и институционалната свест и одговорност, за проблемите со кои се соочуваат лицата од овие установи, засновани на наводите на ЦИВИЛ и особено наводите за последните случувања на штитениците од овие центри.

Со ова, ЦИВИЛ – Центар за слобода формира граѓанска комисија за набљудување и ад-хок надзор на овие институции, која што ќе биде составена исклучиво од членови на ЦИВИЛ.