На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 16.956.072 денари или 275.708 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 9.348.000 денари или 152.000 евра.

Во текот на изминатите пет дена, тимовите на Црвениот крст дистрибуирале:

  • 11.081 пакети со храна (еден пакет е за 4 лица)
  • 3.127 литри млеко
  • 3.930 литри јогурт
  • 1.039 пакети со хигиена
  • 82,5 тони вода
  • 350 пелени
  • 424 душеци
  • 1.240 кебиња
  • 598 килограми облека
  • 226 парчиња чизми
  • 240 литри дезинтал

Црвениот крст апелира да се донираат конзервирана и бебешка храна, пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи.