Вести Македонија Ударни вести

Црвениот крст ја одбележува „Неделата на грижа за старите лица“

Сподели:

 

Црвениот крст на Република Северна Македонија од 14 до 20 ноември 2022 година ја одбележува „Неделата на грижа за старите лица“ под мотото: Сите сме нивни деца“.
 
Целта за одбележување на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување на грижа и помош на старите лица.
 
-Обезбедена е поддршка за функционирање на 10 мобилни тимови за бесплатна услуга за набавка и достава на храна, хигиена, лекови и др. на стари и осамени лица.
 
-Во текот на неделата ќе бидат организирани 30 информативни работилници со лицата од трето доба за нивно запознавање со правата од социјална и здравствена заштита со цел подобрување на нивниот квалитет на живеење и здраво стареење.
 
Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст во своите средини ќе организираат и едукативни работилници на теми од интерес за постарите граѓани, тематски работилници за поттикнување на социјална инклузија на старите лица, како и друг вид активности за активно и здраво стареење.
Сподели: