ЦУК: Во последните 24 часа има еден активен пожар и 12 изгаснати

Сподели

 

Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Дежурниот оперативен центар, согласно информациите и координацијата со субјектите од Системот за управување со кризи утрово направи пресек за пожарите на отворено во последните 24 часа: има еден активен пожар и 12 изгаснати.

ЦУК е во постојана комуникација и координација со силите на терен и податоците се следниве до 07.00 часот утрово:

Активен пожар — на ден 07/08.08.2022 година –  06:00 часот
Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица ја пренесува информацијата од ТППЕ Гевгелија во која се наведува дека пожарот кај с.Фурка  помеѓу општина Дојран и Богданци е  се уште активен,  но со намален  интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Ангажирани сили и служби се: Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и 3 противпожарни моторни возила (пп м.в.), доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран  со 2 возила и околу 10 вработени, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4/5 луѓе. Пожарот кај с.Фурка е активен на кракот на  западната страна на пожарот према Богданци и мал крак према Рибник Елита. На ден 08.08.2022 година во утринските часови околу од околу 05 часот се излезени на терен  околу 40 до 50  луѓе од ТППЕ-Гевгелија, ДЗС-Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув, а и граѓани од локалното,население.

Изгаснати  пожари во последните 24 часа — на ден 07/08.08.2022 година –  06:00 часот се:
1. Струмица с.Ангелци и  с.Вељуса стрениште со 2 ПП возила и 6 пожарникари. од 16:25 до 18:30 часот. 2 ха
2. Валандово с.Пирава м.б Оџа борум деградирана шума  ТППЕ Валандово со 6 Пожарникари и 2 возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово 6 вработени и 2 возила. од 12:00 до 16:00 часот. 5 ха
3. Радовиш с.Ињево и с.Воиславци стрениште со 2 ПП возило и 5 пожарникари. од 11:00 до 14:06 часот.
РЦУК Битола с. Житоше кон с. Борино. Шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума  1 ПП возило со 4 пожарникари, 3 вработени во ЈП Национални Шуми подружница Липа Крушево и 4 лица од месно население. од 16:00 до 19:30 часот 1 ха
4. Крушево на депонијата во Крушево. со 1 ПП возило и 2 пожарникари од 12:00 до 14:00 часот.
5. РЦУК Штип стрениште кај м.в. Лезовски Кантон  со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 13:10 до 14:50 часот.
6. РЦУК Тетово Зафатена е кровната конструкција и еден спрат од куќата во с. Орашје (Опш. Јегуновце), со 3 ПП возила и 12 пожарникари. од 06:40 до 10:00 часот.
7. Тетово сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно поправниот дом Тетово со 2 ПП возила и 4 пожарникари од 15:35 до 16:35 часот.
8. РЦУК Куманово стрениште во с. Рамановце. со 1 ПП возило и 3 пожарникари. од 09:55 до 10:45 часот.
9. РЦУК Охрид стрниште во с. Ложани (опш.Кичево) со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 16:30 до 18:20 часот.
10.Пожарот кој започна денес околу 11:55 часот во село Гајре опш. Тетово е целосно локализиран во 14:40 часот од страна на Тппе Тетово со 2 ПП  возила и 6 пожарникари.
11.Пожар кај стариот пат од Тетово накај Желино при што гореше сува трева и ѓубре локализиран е од страна на Тппе Тетово во 11:20 часот со едно ПП возило и 4 пожарникари.
12.Во 14,25 часот Од Тппе Тетово известија  дека во село Челопек Општина Брвеница од страна на мали деца било запалено од невнимание балирано сено.Се интервенира  со 2 пп возило и 5 пожарникари.