Цвеќе на тагата или Flower of sorrow? Лара со lyrics-видео за своите фанови

Сподели

 

Лара направи неочекувано изненадување за своите фанови и македонската јавност.

 

На својот YouTube канал Лара објави и претстави интересно lyrics-видео на македонската оригинална  верзија на песната “Flower of sorrow”. Со оваа песна Лара овие денови се натпреварува во изборот на македонски претставник на Евровизија 2022.

Македонската верзија на песната на Лара се вика „Цвеќе на тагата“

Видеото дава слика на модерна песна, а досегашните реакции за македонската изведба даваат слика за моќноста и поубавата звучност и интерпретација на мајчинкиот јазик на Лара, – македонскиот.

Појавени се голем број на коментари дека песната звучи уште подобро и помоќно кога е испеана на македонски јазик, како и дека истото овозможува доловување на автентичност на самата песна и пораката што се пренесува.

„Ако публиката ми ја даде поддршката и довербата преку глас на платформата на МТВ, по шест години по настапот на Калиопи на Евровизија, лично имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред цел свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија. Заедно со тимот ќе го слушнеме гласот на публиката и ќе одлучиме околу финалниот настап, секако доколку бидам избрана,” изјави Лара.

Тимот зад песната на Лара ветува многу. Музиката на „Цвеќе на тагата“ (“Flower of sorrow) е на Роберт Билбилов, а аранжманот е на Дарко Димитров и Роберт Билбилов. Текстот на песната е на Робин Зимбаков.

Гласањето за македонски претставник на Евровизија трае сè до 04.02.2022 година на следниот линк – https://evrovizija.mrt.com.mk/.