Цветанка Иванова нов генерален секретар на Собранието

Сподели

Цветанка Иванова ќе биде новиот генерален секретар на Собранието на РМ. Според информации на А1он, изборот на Иванова на оваа значајна функција ќе биде по изборот на новата Влада.

Генералниот секретар, според Деловникот, се бира од Собранието по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Иванова, ќе има улога да ја организира работата на собраниските служби и да му помага на претседателот на Собранието во подготовките, организацијата и текот на заседанијата.

Иванова е дипломиран правник, пратеник од редовите на СДСМ од 2002 година, координатор на пратеничката група на СДСМ, претседател на Законодавно-правната и Комисијата за труд и социјална политика и координатор на женското лоби.