Турција: Уапсени 29 лица кои подготвувале напади за Нова година

Сподели

Полицијата во Анкара привела 29 осомничени припадници на Исламска држава кои подготвувале напади за Нова година.

Како што пренесуваат турските медиуми, во симултаните рации учествувале околу 500 полицајци, а многу од приведените се странски државјани. Полицијата има налози за приведување на уште 17 осомничени.

Во материјалот, кој полицијата го запленила има документи кои укажуваат на тоа дека некои од осомничените надгледувале локации и подготвувале можни напади во текот на новогодишната ноќ.

Минатата година Исламска држава изврши напад за време на новогодишната ноќ во Истанбул, убивајќи 39 лица. Токму затоа турските власти годинава ангажираа 275.000 полицајци кои ќе бидат на должност за време на прославата.

meta.mk