Учениците со попреченост бараат еднакви права во општеството

Сподели

 

Денеска се одржа тркалезна маса на тема „Пристапно образование за младите со попреченост“ во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер, на кое обраќање имаше Извршната директорка на Младински образовен форум, Теодора Столевска.

Настанот беше отворен со воведни обраќања од Министерот за образование и наука г. Јетон Шаќири, заменик – амбасадорката на Обединетото Кралство г-а Џулија Смит,  претставникот во земјата за Фондацијата за демократија на Вестминстер г. Дамир Незири и извршната директорка на Младински образовен форум г-а Теодора Столевска.

 

 

Главен фокус на настанот беше ставен на презентација на предизвици и препораки од учениците од Клубовите за демократско учество во ДУЦОР „Партенија Зографски“ и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, како и дискусијата со претставниците на државните институции и граѓански организации.

„Младите кои што се повклучени во демократските процеси и процесот на донесување одлуки се и позадоволни со своето место во општеството и има помала веројатност да се иселат од државата.“ – Дамир Незири, Фондацијата за демократија на Вестминстер.

 „Ние сме поcветени кон дизајнирање на национален образовен систем кој ќе има повисока стапка на инклузивност, и секое дете ќе може да се вклопи. Буџетската ставка за оваа намена се зголемува од година во година“. – Јетон Шаќири, Министер за образование и наука.

Заменик амбасадорката г. Смит повика на поголема соработка помеѓу институциите и лицата со попреченост.

Теодора Столевска од МОФ ги повика институциите кои работат со млади да препознаат дека работат со хетерогена група, кои имаат различни потреби кои треба да бидат адресирани.

 

 

 

Целта на оваа средба беше да се овозможи платформа со која младите со попреченост ќе имаат можност да ги споделат своите предизвици и препораки до државните институциии да учествуваат во процесот на донесување одлуки во рамките на државните институции.

Дел од препораките кои беа споделени за време на настанот беа:

–        Да се обезбеди вклучување на лицата со попреченост во процесот на донесување на одлуки кои ги засегаат и зголеми соработката со државните институции;

–        Да се подобри инфраструктурата и постави соодветна сигнализација во корист на младите со попреченост на слухот и видот;

–        Да се обезбеди поддршка при упис на деца со попреченост во слухот во образовните институции;

–        Да се постави толкувач на знаковен јазик во образовните институции, државните институции и здравствените установи;

–        Да се води сметка за јавната свест на здравствените работници во однос на лицата со попреченост и нивните потреби;

–        Да се изнајдат технолошки решенија кои ќе бидат пристапни за слепите и глувите лица и ќе бидат од корист во нивниот образовен процес;

–        Да се изучува македонскиот знаковен јазик во училиштата;

–        Да се обезбеди заштита на лицата со попреченост во процесот на вработување.

Настанот е дел од проектот Зајакнување на демократските компетенции и учество на младите луѓе,” поддржан од Фондацијата за демократија на Вестминстер