Угинати риба во реката Треска, се бараат итни анализи на водата

Сподели:

Од СРЗ „Хантер Фиш“ преку социјалните мрежи пријавија угинување на риба во реката Треска и побараа итна реакција од надлежните институции и детално утврдување на причините за случајот.

“Водата е богатство на сите нас, а реката Треска е еден од најважните водни екосистеми во Кичево. Секое загадување, труење или друга интервенција која го загрозува животот во реката мора да биде детално испитана и да се утврди причината и одговорноста.

СРЗ Хантер Фиш бара веднаш да се земат примероци од водата и угинатата риба; да се направат лабораториски анализи за да се утврди причината; да се контролираат сите можни извори на загадување;- надлежните институции да излезат со информации пред јавноста;- да се преземат конкретни мерки за заштита на реката и живиот свет.

Не смееме да дозволиме уште еден ваков случај да помине без одговор. Реката Треска не е канал за отпад – таа е живот! Да ја заштитиме рибата, водата и природата за генерациите што доаѓаат”, апелираат од здружението.

фото ФБ „Хантер Фиш“ Кичево

Сподели: