Вести Македонија

Укинат притворот на новинарот Зоран Божиновски

Сподели:

Новинарот Зоран Божиновски излегува од притвор, соопшти Здружението на новинари на Македонија на својот Твитер профил.

Од здружението велат дека Божиновски треба да излезе од притвор денеска, откако Кривичниот суд го прифатил барањето на Обвинителството за укинување на притворот.
„Македонија не е веќе на срамната листа каде има новинари во затвор“, напиша ЗНМ на Твитер.
Божиновски беше во притвор речиси три години, прво во екстрадициски притвор во Србија, а потоа во Македонија.
Од Здружението на новинари постојано апелираа дека „ослободувањето на Божиновски ќе ја одвои Македонија од групата на авторитарните земји во Европа, како што е Турција, Русија и Азербејџан, каде постојано се прогонуваат новинари“.

 

Сподели: