УНИЦЕФ бара да се заштитат децата заробени во борбите во Фалуџа

Сподели

HAC_Iraq

Агенцијата за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) ги повика ирачката војска и милитантите на Исламска држава (ИД) да ги поштедат децата во Фалуџа, кои се најранливи меѓу десетиците илјади цивили заробени во екот на борбите во градот, кој се наоѓа на околу 50 километри од Багдад.

УНИЦЕФ изразува загриженост за безбедноста на околу 20.000 деца во Фалуџа, од каде само неколку семејства успеаја да побегнат пред почетокот на офанзивата на ирачката војска против припадниците на ИД.

Од Агенцијата, исто така, предупредуваат дека децата се соочуваат со ризикот да бидат регрутирани од страна на екстремистите и ги повикуваат сите страни да ги заштитат и да „овозможат безбеден коридор за оние кои што сакаат да го напуштат градот“.

Ирачките сили пред две недели почнаа офанзива за враќање на контролата на овој град кој важи за упориште на милитантите на ИД.

УНИЦЕФ бара да се заштитат децата заробени во борбите во Фалуџа