Управниот суд попладневно ќе ги разгледува тужбите од СДСМ

Сподели

Управниот суд доцна попладнево ќе одржи седници на кои ќе бидат разгледани две тужби поднесени од  Коалицијата за предвремени парламентарни избори 2016 предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Од Управниот суд соопштија дека ќе бидат разгледани две тужби на СДСМ. Во 18 часот ќе се одржи јавна седница по поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ за УРП.бр.513/2016 за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.бр.10-493 од 17.12.2016 година.

 Во 18:30 часот ќе се одржи јавна седница по поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ УРП.бр.514/2016 за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.бр.10-490 од 17.12.2016 година.

Советот на судии е составен од Весна Јовановска, претседател и членовите Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски.

Коалицијата предводена од СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд, а една тужба поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Управниот суд има рок од 48 часа да постапува по овие тужби и рок од 24 часа одлуките да ги објави на веб страницата на Судот, која е конечна.