Вести Македонија Ударни вести

Уставен суд: Недела останува неработен ден

Сподели:

 

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не се поведе постапка за иницијативата која беше поднесена од Стопанската комора на Македонија и недела да остане неработен ден.

Портпаролката Христина Беловска по седницата соопшти дека оваа одлука на Уставниот суд е конечна и дека во правниот поредок на земјава останува да важи дека недела е неработен ден за најголем дел од работниците во земјава, освен за дејностите кои се утврдени како исклучоци.

„За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора која бараше да се запре спроведувањето на законот. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува“, рече Беловска.

Сподели: