Уставен суд формира предмет за урбанистички планови во Маврово

Сподели

 

Во Уставниот суд е формиран предметот кој се однесува на урбанистички планови во Маврово, Леуново и други места во општината Маврово и Ростуше, отакако по претходно укажување подносителот ја дополнил иницијативата со која се оспоруваат неколку општински одлуки.

Во Уставниот суд е формиран предметот У.бр.21/2022 откако подносителот Драган Пешевски, адвокат од Скопје испрати дополнување на иницијативата, по претходно укажување на Судот. Со иницијативата се оспорени следните одлуки:

-Одлука за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок 7 објавен во службен гласник за општина Маврово и Ростуше донесена на ден 26.02.2015 година.

-Одлука за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никофорово и Анови објавена во службен гласник за општина Маврово и Ростуше на ден 19.07.2001 година

-Одлука за отстапување со стопанистување на водоводот од кој се снабдува хотел Радика во Леуново донесена на 32 седница одржана на ден 25.10.2019 година.