Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Сподели

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, 21 јуни, ќе се реализира третата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци, односно:

– Авионската дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира утре (среда), во раните утрински часови.

– Терестричната дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира утре (среда), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.