Утре нема да работат шалтерите за наплата во Водовод

Сподели:

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните на град Скопје, дека утре на 11 октомври, по повод државниот празник, Ден на народното востание на македонскиот народ, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Во понеделник, 13.10.2025 година, се продолжува со редовно работно време.

Сподели: