Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен синдикален протест

Сподели

 

Утре на 28 септември, четврток, со почеток во 9 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје, информираат од МВР.

Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.„Мирче Ацев“–ССМ, ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул.„ВМРО“ и лево по бул.„Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.