Утре во Скопје посебен режим на сообраќај

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, понеделник, во официјална посета на РСМ ќе пристигне делегација предводена од премиерот на Р.Албанија.

Од  тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот.