Вести Македонија Ударни вести

Утре во Солун средба Димитров – Коѕијас

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕиjас утре ќе во Солун ќе остварат средба, каде што и двајцата ќе учествуваат на квадрилатералниот форум на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и од Албанија.

По последната средба Димитров – Коѕијас во Виена, медијаторот Метју Нимиц, рече дека двете страни остануваат посветени на решавање на проблемот, без да презентира детали од разговорите.

Грчките медиуми пренесоа дека остануваат „тешките прашања“ односно опсегот на употреба на името што ќе се договори и барањето на Атина за промена на македонскиот устав.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека секоја средба е нова креативност во функција на доближување на разликите кои постојат меѓу Македонија и Грција.

– Некогаш тоа е со големи, некогаш со микро чекори за отстранување на разликите кои постојат. Се надевам дека секогаш со секоја средба, ќе се помогне во тој правец – вели Заев.

Сподели: