Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
Активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, информираат од Град Скопје.
Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци:
Дезинсекција против ларви: 7 мај – авионска дезинсекција; 11 јуни – авионска дезинсекција; 26 јуни – теренска дезинсекција; 10 јули – авионска дезинсекција; 23 јули – теренска дезинсекција.
Дезинсекција против возрасни комарци: 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција; 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција;
27 и 28 јуни – авионска дезинсекција; 13 и 15 јули – теренска дезинсекција.
Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните, соопштија од Градот Скопје.
фото Град Скопје (прскање)


