Вести Македонија Ударни вести

Вархеји, Дер Лајен и Шарл Мишел го поздравија усвојувањето на заклучоците за францускиот предлог

Сподели:

 

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздрави гласањето во македонското Собрание, со кое, како што напиша, на Владата ѝ се дава јасен мандат за отпочнување на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ.

„Со нетрпение очекуваме да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија. Северна Македонија припаѓа во ЕУ“, напиша Вархеји на Твитер.

 

 

Честитка и од Брисел упати и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Честитки до Северна Македонија за гласањето што сега го поплочува патот за брзо отворање на пристапните преговори. Тоа беше историска можност. И вие ја искористивте“, порача фон дер Лајен.

 

 

И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, напиша дека изгласувањето на предлог заклучоците е значаен чекор за Северна Македонија и за ЕУ.

„Суштински чекор за Северна Македонија и за ЕУ. Нашата иднина е заедничка и ве пречекуваме со отворени раце“, напиша Мишел на македонски јазик.

 

 

Сподели: