Второ место за Армијата на РС Македонија на Балканското првенство за планинско трчање

Сподели

 

Тим од Армијата на РС Македонија составен од мајорот Игор Јакимовски, капетанот Жан Тосев и професионалните војници Милош Ранчиќ и Трајче Илиевски го освоија второто место во екипна конкуренција на Балканското првенство за планинско трчање кое се одржа во Вршац, Србија од 3-6 август, а во организација на Меѓународниот совет за воени спортови.

Конкуренција на тимот од македонската Армија беа тимови до вооружените сили на Романија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Бугарија.

На истото натпреварување професионалниот војник Милош Ранчиќ го освои третото место во поединечна конкуренција.

Армиските припадници кои учествуваа на ова натпреварување досега имаа забележителни успеси – мајорот Јакимовски е освојувач на неколку медали на Балканското првенство во ветерани и учесник на многубројни натпревари и трки, капетанот Тосев е победник на минатогодишниот Скопски полумаратон и армиски рекордер во полумаратон и маратон, професионалниот војник Ранчиќ е поранешен државен шампион во крос и планинско трчање и државен репрезентативец со најдобар пласман на Светското првенство во планинско трчање, додека професионалниот војник Илиевски е вицешампион на Северна Македонија во планинско трчање.

Министерството за одбрана и Армијата се горди на своите припадници и нивните достигнувања и затоа продолжуваме да вложуваме во развојот на физичките способности на сите војници како основен предуслов за максимална подготвеност.