Владата ги формираше работните тела и комисии

Сподели

Владата на Република Македонија вчера ја одржа првата седница, на која премиерот Зоран Заев за вицепремиери ги именуваше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите без ресор Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Хазби Лика.

Заев на другите министри без ресори им делегираше задолженија. Роберт Поповски ќе биде задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Едмонд Адеми за дијаспората, Андан Ќахил, Зорица Апостоловска и Рамиз Мерко за странски инвестиции, Самка Ибраимовски за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, а Зоран Шапуриќ ќе работи на подготвување регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

За нов генерален секретар е назначен професорот Драги Рашковски.

На владината седница, како што се наведува во соопштението, се формирани и владините комисии за економски систем и тековна економска политика, за политички систем, за човечки ресурси и за одржлив развој, за именување, за станбени прашања и за приватизација.

Владата, исто така, го формираше и Управувачкиот комитет за координација и за управување во системот за управување со кризи, со кој ќе раководи министерот Оливер  Спасовски.