Вести Македонија Ударни вести

Владата ја разгледува опцијата за ограничување на јавните собири

Сподели:

 

Министерот Филипче денеска информираше дека Комисијата за заразни болести при Институтот за јавно здравје, препорачала да биде разгледана опцијата за ограничување на поголеми јавни собири, се со цел да се превенираат можностите за контакт со лица кои доаѓаат од областите во другите земји каде што е прогласена епидемија од корона вирусот.

Филипче рече дека оваа препорака вчера била разгледана на седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, и дека е утврден предлог да се разгледа препораката на Комисијата за заразни болести за ограничување на јавните собири и согласно Законот за заразни болести, за овој предлог да се произнесе Владата на Северна Македонија на денешната седница.

Сподели: