Преку Министерството за образование и наука за учебната година 2025/2026 ќе се доделат најголем број на стипендии за дуалното образование досега, односно 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта.
Над 550 компании оваа година директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки.
Учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата.
Приоритет на Владата е да ја зголеми вработливоста на младите лица и да создаде квалификувани кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе се овозможи младите својата иднина да ја градат во сопствената држава.
