Влијателен светски блог објави текст за „Шарената револуција“

Сподели

BoingBoing-860x680

Еден од највлијателните блогови во светот, „Боинг Боинг“, објави напис за „Шарена револуција“, потпишан од Кори Доктороу, светски познат писател на научна фантастика и активист.

Под насловот „Македонските шарени револуционери ѝ пркосат на државата со боење на владините згради и споменици“, Доктороу пишува дека македонската полиција е позната по растурањето на протестите, па припадниците на „Шарената револуција“, покрај барањата за крај на корупцијата, повикуваат и на сопирање на полициската бруталност кон демонстрантите и тоа го нагласуваат со фрлање боја врз владините згради и споменици.

„Боинг Боинг“, инаку, претходно објави и текст за убиството на Мартин Нешковски во 2011 година, за масовните протести во мај годинава и за скандалот со прислушувањето.

meta.mk