Вести Македонија Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ денеска со седница на Извршниот Комитет

Сподели:

За денеска закажана е седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но од партијата не откриваат дали  ќе се расправа околу престојниот референдум за Договорот со Грција околу името.

До сега од партијата официјално не се изјаснија  каков е нивниот став за референдумот, односно Христијан Мицкоски, најави дека најдоцна до 10. септември, партијата ќе излезе со став дали ќе го бојкотираат референдумот или не.

Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ од Струга излегоа со став дека нема да го чекаат соопштението на Мицкоски по ова прашање и дека тие ќе го бојкотираат референдумот.

Сподели: