Вести Македонија Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ работи против интересите на граѓаните, крајно неодговороно е да се кочи македонската иднина

Сподели:

Договорот со којшто се става крај на 25 годишниот спор со Грција е во заштита на врвните национални и државни интереси и тоа го гледа целата домашна и меѓунардона јавност, целиот демократски свет. Само ВМРО-ДПМНЕ ја кочи македонската иднина и останува заглавена во матрицата на поделби и изолација.

Не постојат никакви дилеми – Договорот не само што не го загрозува, како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет. Никој повеќе да не го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, се обезбедени еднаш засекогаш.

Со овој Договор се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани.

Крајно неодговороно е да се кочи македонската иднина. Време е ВМРО-ДПМНЕ да постапи во интерес на граѓаните. Време е ВМРО-ДПМНЕ да каже ДА за овој Договор за којшто последниот збор ќе го имаат граѓаните, на референдум. ВМРО-ДПМНЕ да каже ДА за македонската иднина!

Сподели: