ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги плаши потенцијалните инвеститори

Сподели

nova-zgrada-vmro

Финансиско злосторство врз граѓаните е ограбувањето на милиони евра од аболираниот криминалец Зоран Заев и неговиот злосторнички клан, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кире Наумов.

„Овие пари кои се украдени директно од буџетот на државата не се користат за исплата на пензии или инвестиции во градинки или училишта, туку кланот на аболираниот криминалец Зоран Заев ги користи за купување луксузни хациенди во Грција, скапи возила, мотори, јахти. Срамната задача да го оттргне вниманието од криминалот на Заев, овој пат му припадна на Кире Наумов, кој на сите стручни интервјуа е прогласуван за целосно некомпетентен и човек кој не разбира ниту „П“ од правото“, пишува во реакцијата на владејачката партија.

Од партијата додаваат дека поради кризата која ја предизвикала опозициската СДСМ потенцијалните инвеститори се чувствуваат несигурни.

„Сега преку своето деструктивно однесување се обидуваат да спречат Република Македонија да дојде до финансиски средства надевајќи се дека ќе ги блокираат исплатите на плати, пензии, социјална помош или инвестирањето во нови училишта, градинки, болници и инфраструктура. Граѓаните знаат дека се додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, Република Македонија ќе продолжи да биде меѓу најниско задолжените земји во Европа, а буџетот нема да завршува во приватни џебови туку ќе се отвораат нови работни места и ќе се реализираат илјадници проекти“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

meta.mk