Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Слободан Богоевски за сите невистини ќе добие тужба за клевета

vmro-dpmne

Лицето Слободан Богоевски, осуден за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористи телевизија „Телма“ и времето што му беше дадено во емисија „Топ-тема“ за да изнесе лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и на функционери од партијата, реагираат од владејачката партија по синоќешното интервју.

За сите невистини што ги изнесе, како што велат од владејачката партијата ВМРО-ДПМНЕ, осуденото лице Слободан Богоевски ќе добие тужби за клевета пред надлежниот суд.

slobodan-bogoevski-ish-shefi-i-sherbimit-sekret-ne-maqedoni

„За ВМРО-ДПМНЕ гостувањето на Слободан Богоевски претставува уште еден очајнички обид на аболираниот криминалец Зоран Заев, да користи лица кои биле осудени за криминал и лежеле казна затвор за да му ја вршат валканата работа, надевајќи се дека со лаги и со клевети ќе успее да го изманипулира народот, наметнувајќи му мислење дека сите политичари се исти“, стои во реакцијата.

meta.mk

Сподели: