ВМРО-ДПМНЕ во Штип, СДСМ и третиот блок во Гевгелија, а ДПА во Желино

Сподели

mitinzi-slavene-politichki-partii-9

Политичките партии на 12. ден од изборната кампања, на митинзи и на средби со граѓаните ги претставуваат изборните програми за изборите закажани на 11 декември.

ВМРО-¬ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе има митинзи во Свети Николе во 17.30 часот и во Штип во 20 часот.

СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија денеска ќе бидат во Валандово во 17.30 часот и во Гевгелија во 19 часот.

Митинг на Коалицијата за промени и правда е закажан во во Гевгелија во 18 часот.

Демократската партија на Албанците денеска ќе има митинг во Желино во 18 часот.

Алијансата за Албанците денеска ќе биде во Долнени во 18 часот и во Кичево во 19 часот.