Вести

Во Брисел евакуирана главната железничка станица поради сомнителен куфер

Сподели:

Британските медиуми јавуваат дека во пладневните часови покрај станицата, евакуиран е и хотелот Carrefour de l’Europe, кој се наоѓа во близина

thumbs_b_c_8a4ab0473a60ec6bd5c41789e4e7c694

БРИСЕЛ (АА) – Главната железничка станица во белгискиот град Брисел беше евакуирана откако на неа беа пронајдени два сомнителни куфери, пренесува Anadolu Agency (AA).

Британските медиуми јавуваат дека во пладневните часови покрај станицата, евакуиран е и хотелот Carrefour de l’Europe, кој се наоѓа во близина.

Куферите се тргнати, по што станицата и хотелот се повторно отворени. Британските медиуми наведуваат дека станува збор за лажна тревога. До евакуација дошло откако во повеќе белгиски градови се приведени најмалку 40 лица, од кои 12 лица се уапсени поради планирање на терористичкиот напад.

AA.COM.TR

Сподели: