Во ДИК досега се пријавиле 122 спорни гласачи

Сподели

DIK

Државната изборна комисија соопшти дека досега, можноста за пријавување ја искористиле вкупно 122 граѓани чии записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се покажале спорни.

„Лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно се пријавиле пет граѓани, додека можноста за електронско пријавување ја искористиле 117 граѓани“, велат од ДИК.

Најмногу пријавени досега има во Чаир – 25 лица, во Аеродром – 18, во Центар – 14 лица и во Карпош – 13 лица.

Пријавувањето се врши лично, со лична карта или пасош, во ДИК или во подрачните одделенија и во дополнителните одделенија на ДИК секој ден од 8.30 до 19 часот од денеска до 19 август. Освен лично, пријавување се врши и преку посебна електронска апликација поставена на веб-страница на ДИК, на која треба да се прикачи скенирана фотографија од лична карта или пасош.

По истекот на овој рок, ДИК ќе има уште 10 дена на располагање за да може да направи дополнителни контроли или лично да контактира со гласачите.

meta.mk