Во екстремна сиромаштија живеат 385 милиони деца во светот

Сподели

thumbs_b_c_10530ee1c5188c98faaea3c6c782c674

ЊУЈОРК (АА) – Во светот, околу 385 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија, јавува Anadolu Agency (AA).

Светската банка и Фондот на Обединетите нации за помош на децата (УНИЦЕФ) објавија извештај со наслов „Да се стави крај на екстремната сиромаштија: Студија за децата“, во кој се наведува дека кај земјите во развој, едно од пет деца е жртва на екстремна сиромаштија.

Во извештајот се вели дека во 2013 година, кај земјите во развој, 19,5 отсто од децата се членови на семејства кај кои дневниот прилив на средства е околу 1,90 долари или помалку. Кај возрасните во овие земји, процентот изнесува 9,2 отсто.

Во извештајот се вели дека во светот, во услови на екстремна сиромаштија живеат 385 милиони деца, од кои во супсахарските држави, 50 отсто од децата живеат во екстремна сиромаштија, додека во Јужна Азија тоа е случај со 36 отсто од децата.

Извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк, изјави дека од сиромаштијата се најпогодени децата.

„Сиромаштијата им нанесува најголема штета на децата. Децата на мала возраст се во многу полоша ситуација, бидејќи и од физички аспект и од духовен аспект, создава негативни последици“, изјави Лејк.

УНИЦЕФ и Светската банка упатија апел до земјите да го насочат кон децата фокусот на борбата со сиромаштијата, зајакнувајќи ги програмите коишто се наменети за децата, давајќи им предност на инвестициите во програмите за помош на сиромашните деца.

Извештајот од страна на овие две организации е подготвен според податоците од 89 земји.