Вести Македонија Ударни вести

Во КПД Штип при претрес пронајдени мобилни, пари, прашкаста материја, ножеви

Сподели:

 

Денеска, полициски службеници од СВР Штип, Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со Затворската полиција, спроведе координирана полициска акција на подрачјето на Штип.

Притоа, извршени се претреси во Казнено поправниот дом Штип, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.

По добиена судска наредба од Основен суд Штип извршени се претреси во 11 ќелии во различни одделенија во КПД Штип кај 39 осудени лица кои се на издржување казна затвор. При претресите се  пронајдени и одземени: грутчеста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја, мобилни телефони, поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат, ножеви и повеќе други остри предмети, метални шипки и други тврди предмети.

Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на СВР Штип, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Сподели: