Вести

Во Марсеј тепачка помеѓу навивачите на Русија и Англија

Сподели:

tepacka-evropsko-prvenstvo
Група руски и англиски навивачи се степаа во Марсеј, а снимката од тепачката во која летале шишиња и столици е објавена на Интернет.

Тепачката се случила во очи натпреварот на двете фудбалски репрезентации на Европското првенство во фудбал, кое вчера започна во Франција.

Полицијата против напаѓачите употребила солзавец. Во тепачката учествувале околу 200 луѓе, а двајца Англичани се уапсени.

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Русија и Англија се игра вечерва со почеток во 21 часот на стадионот „Велодром“ во Марсеј.

http://meta.mk/vo-marsej-tepachka-pomegu-navivachite-na-rusija-i-anglija/

Сподели: